Вести
КК Гостивар – Блокотехна се игра вечерва од 20.15 часот
Нема одмор за кошаркарите на Кошаркарскиот клуб Гостивар. После натпреварот со Кожув пред 38 часа и пласманот на годинешниот фајнал-фор, денеска гостиварци ја пречекуваат екипата на Блокотехна.
Правилата на МКФ се категорични – се игра среда и сабота и двата клуба треба да се согласат за промена на термин за одигрување. КК Гостивар им излезе во пресрет на сите клубови кои бараа одлагање сезонава, меѓу кои беше и екипата на Блокотехна, поради што самиот излезе од ритамот среда-сабота во Супер лигата. Првото барање сезонава на КК Гостивар да се одложи натпреварот за 24 часа, беше експресно одбиено од сите кои имаат право на одговор.
Нејсе, во Младост гостува директниот конкурент за третото местото и освојувачот на БИБЛ лигата. Гевгеличани во досегашниот дел од првенството имаат ист скор со гостиварци, 18 победи и 7 порази од кои скоро пола им се од екипата на КК Гостивар. Во досегашните три дуели сезонава помеѓу овие две екипи КК Гостивар ги доби сите три натпревари против екипата од Негорски бањи.
Натпреварот се игра од 20 часот и 15 минути, веќе влезниците се пуштени во предпродажба.
Избраниците на Марјан Србиноски вечерва заслужуваат и тоа каква поддршка за прикажаните игри периодов.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник