Вести
КК Гостивар борбен но немоќен против шампионот во Скопје (75:67)

МЗТ Скопје и КК Гостивар вечерва го одиграа последниот меч од 6-тото коло. Домаќините го добија натпреварот 75:67 (17:18; 16:11; 24:20 и 18:18).
“Актуелниот шампион” и “повратникот во првата лига” одиграа одличен натпревар во кој се покажа дека освен епитетите ништо друго не покажува дека е така. МЗТ потешко од очекувањата стигна до својата четврта победа во лигата.
Храбар натпревар на гостиварци кои покажаа дека може да се носат и со најсилните екипи од лигата. Покрај повредите, тешкиот распоред и со само 7 кошаркари на паркетот го изнамачија актуелниот шампион. Подолгата клупа и подобрата скок игра ја направија разликата победата да ја однесе скопскиот тим.
Изедначена борба во сите четвртини Тодоровиќ и Сегариќ кај гостиварци беа незапирливи двајцата постигнаа по 18 поени, потпомогнати од Димчевски 14 и Тасовски 10 поени. Може да се каже потфрли остатокот од екипата кои постагнаа вкупно 7 поени.
Додека кај МЗТ дури 8 кошаркари запишаа поени, се издвоија Симоновски и Трајковски со 22 односно 13 поени.
Иако поразени “бело-сините” од Гостивар нема потреба да жалат за бодовите, ваквата борба, пожртвуваност и желба за победа може да најават само убави денови за гостиварскиот клуб. Веќе викендов нареден противник е лидерот на табелата КК Работнички.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!