Спорт
КК Гостивар денеска го пречекува актуелниот шампион МЗТ Скопје

Во вонреден термин за регуларниот дел од првенството, пред се поради настапите на гостинската екипа во АБА2 лигата, денеска КК Гостивар во рамки на 19.коло го пречекува актуелниот шампион екипата на МЗТ Скопје.
Ова е дуел помеѓу вториот и третиот на табелата, „штрковите“ со 15 победи и 3 порази, само два бода заостануваат зад лидерот на табелата, а три повеќе имаат од гостиварци. За тренерот Александар Петровиќ овој натпревар ќе биде прв посериозен предизвик откако ја презеде клупата на аеродромци. Сезонава МЗТ Скопје двапати славеше против Гостивар, но и во двата наврати победникот се одлучуваше во последните секунди.
Гостиварци со поразот од ТФТ Скопје минатото коло, ја прекинаа победничката серија од седум врзани победи, но ништо нема да е загубено со нов триумф денес против директниот конкурент за второто место на табелата. „Бело-сините“ во двата дуели сезонава покажаа дека може да се носат со играта на актуелниот шампион и учесник во завршниот турнир од AБA2 лигата, но на домашен терен со поддршка на домашната публика гостиварци знаеле да слават и против многу посилни состави.
Напреварот се игра од 18 часот, директен пренос од Младост ќе врши МТВ3, на интернет дуелот може да го следите ТУКА.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022