Вести
КК Гостивар денеска го пречекува Пелистер (18 часот)
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/10/kk-gost-3.jpg)
Прволигашката кошарка се враќа под обрачите во Спортската сала Младост во Гостивар, после две недели пауза поради обврските на нашата репрезентација.
Противник на гостиварци во 9-тото коло ќе биде екипата на Пелистер од Битола. Битолчани се во долниот дел од табелата, имаат скор од само една победа и седум порази. Ги имаат Харис и Бејлер кои им се најопасни играчи.
„Бело-сините“ влегуваат во овој дуел со пет победи и два порази. Серијата од четири победи по ред е мотив повеќе за домашната екипа да се продолжи убавиот низ и да се граби кон врвот. Победнички расположени последниот тренинг го одработија сите кошаркари.
Поддршката од трибините на кошаркарите на КК Гостивар неопходна им е и на овој дуел. Натпреварот започнува од 18 часот, влезниците се 50 денари, може да се набават во Royal Garden и B&B Tobacco, како и на благајна пред почетокот на натпреварот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди