Спорт
КК Гостивар денеска го пречекува Работнички

По победите над вицешампионот Пелистер, актуелниот шампион МЗТ Скопје и освојувачот на купот ТФТ Скопје, екипата на КК Гостивар денеска го пречекува најтрофејниот кошаркарски клуб во земјава, Работнички.
Иако „најтрофеен“, Работнички последниве години ни оддалеку не го оправдува тој епитет. Минатата сезона за првпат во историјата „центарци“ играа во плеј-аут групата за опстанок, сезонава ја отвораат со 3 порази во првите три кола и се наоѓаат на самото дно од табелата. Лично премиерот на државата минатата недела го промовираше новиот генерален спонзор на КК Работнички, кој треба да вбризга 1,4 милиони евра за 4 години, за некогаш најдобриот кошаркарски клуб се врати на старите патеки.
За Кошаркарскиот клуб од Гостивар аналитиката го вели токму спротивното од противникот, со 3 победи во првите три кола се наоѓа на самиот врв од табелата и никој од државата во Гостивар не промовира, баш ништо. Кавадарчанецот на клупата на гостиварци Љупчо Малинков, успеа да состави екипа која прикажува одлична игра и во двата правци, брза транзиција и ефикасност во нападот, цврста и контролирана игра во одбрана, што резултира со максимален збир против теоретски најсилните екипи во лигата.
И покрај ваквата состојба на табелата статистиката од меѓусебните дуели на овие две екипи е на страната на екипата од Градски Парк, од последни 14 официјални натпревари Работнички има 8, КК Гостивар 6 победи.
Дуелот на колото во Спортската сала Младост започнува од 19 часот. Во живо натпреварот може да се следи ТУКА.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава