Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар денеска гостува во Градски парк

Објавено

на

Во последното коло од првиот дел на сезоната, воедно и последниот натпревар во оваа календарска година КК Гостивар, му гостува на шампионот КК Работнички.

Петнаесеткратниот шампион, оваа сезона најави дека ќе атакува на одбрана на титулата и е еден од главните фаворити за шампионскиот пехар. Во досегашниот дел од првенството имаат скор од 8 победи и еден пораз, се наоѓаат на втората позиција со натпревар помалку.

Гостиварци се сеуште во шок после неочекуваниот пораз од Охрид на домашен терен, во минатото коло. Единствен лек за поразот би била победа денеска против шампионот во Скопје. Во последните пет меѓусебни дуели КК Гостивар нема победа против Работнички. КК Гостивар се наоѓа на четвртото место на табелата со 6 победи и 3 порази, има 15 бодови исто колку и Фени индустри и Куманово.

Натпреварот во Градски парк, се игра од 17 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена