Спорт
КК Гостивар денеска ја пречекува екипата на Академија ФМП
После победите над МЗТ 2 и Куманово изминатата недела, КК Гостивар денес ја пречекува екипата на Академија ФМП, во рамките на 12. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Академија ФМП едно од најпријатните изненадувања сезонава, од 8 одиграни натпревари имаат 6 победи и 2 порази и се наоѓаат на 2. позиција на табелата. Избраниците на Александар Петровиќ ги совладаа екипите на Гостивар, Куманово, ТФТ, Вардар, Работнички и Црн Дрим Струга, загубија од Пелистер и МЗТ 2.
КК Гостивар влегува во овој дуел со скор од 5 победи и 3 порази, игрите против МЗТ 2, особено против Куманово во минатото коло, се само потврда дека оваа екипа на гостиварци сеуште го нема кажано последниот збор. После повеќе од 15 дена престој во Гостивар и низа бирократски проблеми на линија ФИБА-САД, конечно Џоџо Вокер доби дозвола да ги покаже своите способности и засили Гостивар на плејмејкерската позиција.
Натпреварот во Младост, започнува од 18 часот, без присуство на публика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар