Вести
КК Гостивар денеска на Биљанини извори ќе се сретне со КК АВ Охрид

Се игра претпоследното коло од регуларниот дел на Првата Македонска кошаркарска лига, во сезоната 2018/2019. Во ова 21-во коло, екипата на КК Гостивар гостува во Охрид, кај екипата на КК АВ Охрид.
Охриѓани се големи должници на „бело-сините“, во првиот натпревар сезонава КК Гостивар загуби скоро добиен натпревар против „Галебите“ на домашен терен, шок пораз кој се споменува и ден денес. Но, денеска и едните и другите ќе имаат можност да го поправат впечатокот.
Екипата на КК АВ Охрид ги загуби сите шанси за влез во Супер лигата. Се наоѓаат на 9. позиција, имаат скор од 4 победи и 14 порази и ќе играат во плеј аут за опстанок во лигата.
„Бело-сините“ имаат пет победи во низа, обезбедено е учеството помеѓу шесте најдобри екипи во Супер лигата во овој дуел останува да ја продолжат победничката серија и вратат на охриѓани за поразот во Гостивар.
Натпреварот се игра од 18 часот, во спортскиот центар Биљанини извори во Охрид.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден