Спорт
КК Гостивар денеска на гости кај ТФТ Скопје
Колото број 14 во Првата македонска кошаркарска лига покрај вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички, носи уште еден интересен дуел од горниот дел на табелата помеѓу ТФТ Скопје и КК Гостивар.
Формата на „црно-белите“ од Тафталиџе е во нагорна линија, од пет последни натпревари избраниците на Боро Смилковски имаат само еден пораз од МЗТ Скопје. Со 8 победи и 5 порази се наоѓаат на 4. позиција веднаш зад КК Гостивар кој има бод повеќе.
Гостиварци по бурниот период во кој од 5 натпревари запишаа 3 порази, во овој дуел влегуваат после големата победа над шампионот МЗТ Скопје, што сигурно ќе значи ветaр во грб пред денешниот дуел со учесникот во АБА2 натпреварувањето и директниот конкурент за третата позиција ТФТ Скопје.
Од седум последни меѓусебни средби КК Гостивар има 4, ТФТ Скопје 3 победи.
Натпреварот се игра во СЦ Кале од 18 часот, во живо може да го следите ТУКА.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар