Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар денеска патува за Кавадарци на мегдан со Еуроникел

Објавено

на

После тринеделна пауза денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига. Се игра 16.коло, кое поради вчерашната одлука на Владата, заради превенција од корона вирусот натпреварите ќе се играат без публика.

Кошаркарите на Гостивар, денеска гостуваат во Кавадарци, каде ќе се сретнат со екипата на Еуроникел. Кавадарчани се во потесниот круг во врвот на табелата, се наоѓаат на 5. место на табелата, со негатива од два бода зад лидерот на табелата МЗТ Скопје, односно еден од КК Гостивар, имаат скор од 10 победи и 5 порази, важат за тежок и непредвидлив противник, кој се бори за влез во Ф4 завршницата.

„Бело-сините“ во овој дуел влегуваат со обезбеден пласман во Супер лигата, 11 победи и 4 порази, избраниците на Србиноски во првиот меѓусебен дуел во Младост ја совладаа екипата на Еуроникел со резултат 94-87. Гостиварци патуваат во полн состав во градот на виното, вечерва можност за официјално деби ќе имаат последните две засилувања, американците Ентони Ли и Малком Армстед.

Натпреварот се игра од 19 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена