Спорт
КК Гостивар денеска против Еуроникел во Кавадарци

Продолжува домашниот шампионат во најелитното кошаркарско натпреварување во земјава. Викендов се комплетира 9. коло, во кое во Кавадарци ќе се сретнат екипите на Еуроникел 2005 и КК Гостивар.
„Лозарите“ сезонава ни малку не наликуваат тимот кој последниве години беше дел од сите завршници и беше блиску до освојување на пехар. Избраниците на Горан Самарџиев сезонава играат топло-ладно и имаат половичен успех, од 8 натпревари остварија збир од 4 победи и исто толку порази, во денешниот дуел влегуваат после два врзани порази и со сигурност ќе се обидат да ја прекинат негативната низа.
КК Гостивар не може да се спомене, а да не се потсетиме на единствениот, сеуште нејасен пораз кој го доживеа од аутсајдерот Куманово. Гостиварци имаат фантастична сезона со дури 7 победи, скор кој може уште да си го дозволат само претставниците во АБА и АБА2 лиги, МЗТ Скопје и Пелистер со кои го делат првото место на табелата. Покрај стистичките бројки, „бело-сините“ сезонава прикажаа и убедливи игри врз кои може да се надеваат и на цел плен од денешното гостување во Кавадарци.
Традицијата во пресметките помеѓу овие два клуба е на страна на домаќините. Од 10 последни натпревари Еуроникел има 6, КК Гостивар 4 победи, со тоа што гостиварци во салата Јасмин во Кавадарци, се имаат израдувано само еднаш.
Дуелот започнува од 18 часот, во живо може да го следите ТУКА.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение