Вести
КК Гостивар денеска во Гевгелија ќе го добие противникот за Ф4

Денеска се игра последното коло до годинешната Супер лига, во кошаркарската сезона 2018/2019.
Екипата на КК Кожув, ќе биде домаќин на „бело-сините“ во триесетиот натпревар сезонава. Пред самиот почеток на завршниот фајнал-фор, сеуште не е утврден конечниот распоред на табелата, па денешниот натпревар има каква-таква тежина.
Избраниците на тренерот Александар Јончевски, независно од исходот на денешниот натпревар ќе ја завршат сезоната на 5. место. Од 29 одиграни натпревари, имаат скор од 13 победи и 16 порази.
Што се однесува до КК Гостивар, сеуште се во игра за третата позиција, но во случајов конечниот распоред не зависи само од гостиварци, Блокотехна од 19 часот игра со Куманово и треба да го загуби мечот, а гостиварци да го совладаат Кожув, со што би ги замениле местата.
Денеска ќе се формираат двојките во полуфиналните пресметки. Екипата која ќе заврши на третата позиција ќе се сретне со Работнички, оние кои ќе бидат четврти играат со МЗТ Скопје.
Натпреварот се игра од 17 часот, во салата “26 април” во Гевгелија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар