Вести
КК Гостивар доби лекција од Куманово 75:63
КК Гостивар загуби во Куманово 75:63 по четвртини (17:16, 18:11, 21:21, 19:15). Кумановци беа подобар противник во сите сегменти. Екипата од Гостивар му парираше на домаќинот само во третата четвртина која заврши со ист број на поени, останатите четвртини целосно му припаднаа на Куманово. Мекиќ беше незапирлив за одбраната на Гостивар, постигна 26 поени.
Статистиката го потврдува лошиот ден на гостиварци. Катастрофален шут за три поени, само 1 тројка од 25 обиди, кумановци доминираа и под кошевите дури 47 скокови, наспроти 33 на КК Гостивар. Фурстингер беше најдобар кај гостите успеа да запише 19 поени, но ја немаше поддршката од останатие соиграчи, Сегариќ постигна 13, Тасоски и Зеќири по 10 поени.
„Бело-сините“ ќе имаат доволно време да ги консолидираат редовите, во третото коло се слободни. Тренерот Србиноски ќе има доста работа во следните две недели да ги подготви кошаркарите и врати на победите.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk