Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар-Еуроникел од 17.30 часот – Дуел за прво место на табелата

Објавено

на

Подолго време во македонската кошарка немало борба за првото место на екипи од внатрешноста на државата. Таква е моменталната состојбата на табелата после 6 одиграни кола, во сезоната 2019/2020.

Екипите на КК Гостивар, Кожув, Еуроникел и МЗТ Скопје се во трка во која распоредот до сега го правеше подобрата кош разлика. Кожув моментално е лидер на табелата, КК Гостивар втор, МЗТ трет, Еуроникел четврти. Кожув има натпревар повеќе, МЗТ Скопје го игра вечното дерби со Работнички и во директен дуел денеска се среќаваат КК Гостивар и Еуроникол 2005.

Екипата од Кавадарци, под новото име Еуроникел 2005 првпат ќе игра во Гостивар. Новите сопственици на Фени индустри, вложувајќи милиони во компанијата, чија сопственост е и клубот најавија и силен кошаркарски клуб со ново име. Избраниците на тренерот Самарџиев во досегашниот дел од сезоната имаат скор од 5 победи и 1 пораз од Кожув, во минатато коло ја совладаа екипата на Работнички. Долгиот искусен ростер е најсилната страна на кавадрчани.

За гостиварци калкулациите се јасни пред овој натпревар, со победа над Еуроникел се враќа на врвот на табелата. Во последните четири меѓусебни дуели КК Гостивар нема пораз од оваа екипа. Александар Костоски поради повреда нема да може да им помогне на „бело-сините“.

Натпреварот започнува од 17.30 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена