Вести
КК Гостивар фуриозно против Шкупи за четврта победа

Гостивар продолжува со перфектниот ефект во новата сезона.
Новиот член на Првата кошаркарска лига максимално го искористи релативно лесниот распоред на почетокот од сезоната и по четири кола има максимален број победи. Последен во низата е тимот со кого лани играше во Втората лига – Шкупи кој во салата „Младост“ е совладан со 94:78.
Конечниот резултат можеби не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи Шкупи го одигра својот најдобар натпревар во елитата и три четвртини беше конкурентен. Неколку пат се најде и во водство, а во првата четвртина имаше предност од три разлика (16:19).
Првиот посериозен удар Гостивар го направи пред крајот на првото полувреме кога со серија од 6:0 поведе со 39:32. Шкупи го неутрализираше тоа, но остана предноста на домашниот тим која се движеше од три до седум разлика. Првпат над десет отиде пред крајот на третиот период и тогаш, всушност, почна завршниот притисок на Гостивар.
Со серија од 8:0 кошаркарите на Марјан Србиновски направија +17 (72:55), нешто подоцна предноста на Гостивар достигна и 20 разлика и остана само прашањето за конечниот резултат кој им даде многу причини за оптимизам на домашните љубители на кошарката.
Во соработка со:
Basketball.mk
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден