Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар ги испрати странците дома, се чекаат подобри времиња

Објавено

на

Американците од редовите на КК Гостивар Донован Доналдсон, Малком Армстед и Ентони Ли, поради состојбата со коронавирусот го напуштија Гостивар, односно си заминаа секој на своја страна во САД и Ѓорѓе Џелетовиќ замина во родната Србија, а домашните кошаркари веќе се во родните градови.

„Нема тренинзи, нема натпревари, засилени превентивни мерки, се повеќе заразени, впрочем сите гледате што се случува. Им предложивме на странците доколу сакаат може да се вратат во своите држави се додека не се стабилизира состојбата и не добиеме конкретни информации како понатака. За нијанса полесна е ситуацијата со домашните кошаркари бидејќи нивните домови и семејствата се тука. Негативните последиците од ова што се случува ќе бидат големи по клубот и спортот воопшто во земјава, но во моментов здравјето на кошаркарите и нашата публика е приоритет. Почитувајте ги сите препораките да се заштитиме самите и луѓето околу нас и што побрзо го совладаме и овој противник“, порачуваат од КК Гостивар.

Се поизвесно е дека оваа натпреварувачка сезона нема да го дочека официјалниот крај на првенството. КФМ го замрзна првенството на неодреден период и тоа пред самиот почеток на највозбудливиот дел од сезоната почетокот на Суперлигата, односно Ф4 завршницата. Сеуште нема конечена одлука како понатака, дали е ова конечен крај или ќе има продолжение за некое време.

Коронавирусот го застана КК Гостивар на 12 победи и 5 порази сезонава.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена