Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар го доживеа првиот пораз, Куманово славеше 82-70

Објавено

на

Кошаркарите на Гостивар го запишаа првиот пораз во 7. коло во сезоната. КК Куманово беше подобар во денешниот дуел славејќи 82-70.

Доста неефикасно го отворија натпреварот и двете екипи, после 5 минути игра резултатот беше (9-9), за пред крајот на првиот период шутерски се разбудат и постигнат резултат (17-23). Домаќините најдобрите 10 минути ги одиграа во вториот период, на сметка на лошиот шут за три на гостиварци успеаа да ја добијат четвртината со (28-12), заминувајќи на полувреме со 10 поени позитива, односно 45-35.

Во вториот дел продолжи неефикасната игра, во период со многу грешки на двете страни домаќините успеаа да го зголемат водството, добивајќи го периодот (19-16), екипата на Гостивар по 30 минути игра постигна само една тројка од 18 обиди. Последните 10 минути кошаркарите на Гостивар ги отворија со серија од 0-11, намалувајќи ја разликата само на 5, кога на сцена настапија судиите. По еден груб блок врз Димитриевски не беше досуден фаул за гостите и веќе во следниот напад досудена техничка грешка врз истиот играч по која Куманово го постигна првиот поен во периодот. До крајот на натреварот кумановци успеаа да ја задржат предноста, славејќи на крајот со резултат 82-70.

Марјан Јанески беше најефикасен со 22 поени, Пипкинс постигна 15 поени.

Во следното коло КК Гостивар ќе ја пречека екипата на Чаир 2030, Куманово му гостува на Работнички.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 3 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 4 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 6 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена