Спорт
КК Гостивар го „нагости“ Работнички со +26 поени разлика

Кошаркарскиот клуб Гостивар пред своите верни навивачи во Спортската сала Младост му го нанесе првиот пораз на Работнички сезонава, совладувајќи го со +26 поени разлика, со резулат 91:65.
„Бело-сините“ имаа фуриозен старт отварајќи го мечот со 16:2, за само после 10 минути игра успеат да запишат 27 поени во кошот на противникот, добивајќи го перидот (27-17). И втората четвртина им припадна на домаќините (22-15), за на полувреме да се замине со резултат 49-32.

Во второто полувреме домашните кошаркари во ниту еден момент не дозволија предноста да биде помала од 11 поени и сосема заслужено дојдоа до триумф со кој се на делба на второто место токму со екипата од Градски парк и МЗТ Скопје со идентичен скор 3-1.
Ијасу Ворку од редовите на КК Гостивар беше незапирлив за гостите, американецот запиша 24 поени, 10 асистенции и 4 скока, за 33 минути поминати на паркетот. Тодоровиќ и Ефремовски постигнаа по 13 со тоа што првиот имаше и 12 скока, Јанески и Дејли запишаа по 10 поени, Силаџи 9, Ро, Димитриевски 4 и Цветковски 1 поен. Кај гостите Данаиловски и Мустафица постигнаа по 11 поени.
Во следното коло КК Гостивар, му гостува на екипата на Ангели во Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава