Спорт
КК Гостивар го пречекува првопласираниот Пелистер

Викендов на програмата е претпоследното коло од регуларниот дел од натпреварите во Првата лига-мажи, во кое ќе се доразјаснат последните дилеми, поврзани со тоа кои шест екипи ќе бидат дел од Супер-лига, а кои шест ќе го продолжат натпреварувањето во Плеј-аут лига.
Екипата на Гостивар во неколку наврати го прослави пласманот во топ 6, но математички се‘ уште не е обезбеден. До крајот имаат два натпревари од кои потребна им е една победа за сигурен пласман, денес против Пелистер и во последното коло во Гевгелија против Кожув.
За екипата на Пелистер тој предизвик е одамна остварен, со 18 победи и 2 порази се лидери на табелата и ќе стартуваат од првата позиција, со пренос на значителен број на бодови, што ги става во поволна ситуација за завршниот Плеј-оф. Како податок, во АБА2 лигата сезонава битолчани од 13 натпревари запишаа 4 победи и 9 порази.
Гостиварци сами си ја заплеткаа мрежата, од високо второ место и серија од 7 победи, после трите последни порази во низа, сега се во трка да обезбедат место помеѓу првите шест екипи. Со победа против лидерот денеска за „бело-сините“ може да се каже дека успешно ќе го завршат регуларниот дел. Шејн Гетлинг е најновата инвестиција на клубот, кој треба да ја покрие празнината која се создаде по заминувањето на Дејли, на чие место беше донесен Дилард, кој пак се покажа како најголемо разочарување сезонава. 24-годишниот американец ќе дебитира на денешниот натпревар.
Дуелот помеѓу КК Гостивар и Пелистер се игра од 18 часот, во живо на интернет може да го следите ТУКА.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022