Спорт
КК Гостивар го преслуша шампионот МЗТ Скопје по вторпат 88-69

Кошаркарскиот клуб Гостивар пред своите навивачи во Спортската сала Младост му го нанесе и вториот пораз на актуелниот шампион МЗТ Скопје сезонава, совладувајќи го вечерва, со резулат 88-69.
Почетокот на натпреварот донесе слаба ефикасност и поприлично резервирана игра на двете страни, гостите успеаа да го добијат првиот период (16-20), во вториот и поведат 29:38, но гостиварци стиснаа заби и успеаа натпреварот да го вратат на почеток. На полувреме се замина со изедначен резултат 40:40.
Во вториот дел кошаркарите на Гостивар започнаа да наметнуваат свое темпо, добивајќи го третиот период (20-15), за во последните 10 минути на бранителот на титулата му приредат тотален „распад-систем“, надигрувајќи ги во сите сегменти на кошаркарската игра, за конечни 88-69.
Грузиецот Корсантија со 21 поен, 13 скокови 7 украдени топки беше убедливо најкорисен поединец на натпреварот. Пипкинс беше најдобар стрелец со 25 поени, Ефремовски и Вучковиќ постигнаа по 14, Митевски 9 поени.
Кај МЗТ Скопје Александар Бурсач беше најефикасен со 16 поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава