Вести
КК Гостивар го совлада Куманово – Фајнал-форот се поблиску
Во тежок и неизвесен натпревар во Младост, „бело-сините“ ја совладаа екипата на Куманово со резултат 86:84 по четвртини (18:17, 22:21, 24:20, 22:26).
Натпреварот беше скоро изедначен, на домаќините им припаднаа трите четвртини, но кумановци констанато држеа резултатски чекор, ја добија последната четвртина во која и првпат поведоа со 66:68, на 5 минути пред крајот имаа водство и од 69:72. Сепак во завршницата гостиварци помалце грешеа и не дозволија да заминат бодовите од Гостивар, Александар Костовски со две тројки пред самиот крај го реши победникот.
Џо Фурстингер беше најрасположен кај домашниот тим, постигна 23 поени, 5 скока и 4 асистенции, Костоски запиша 16, Димчески 13, Сегариќ запиша 12 поени и 8 асистенции, Тасоски и Ефиани постигнаа по 10 поени, Ре.Димитриески 2
Кај гостите најефикасни беа Џекиќ 22 и Мекиќ со 21 поен.
Со оваа победа КК Гостивар е на чекор од обезбедување пласман во завшниот фајнал-фор. Супер лигата продолжува веќе во среда, во Младост ќе гостува актуелниот шампион и освојувач на годинешниот куп, екипата на Работнички.
На полувремето на натпреварот, со громогласен аплауз од присутните беа поздравени најмладите членови на Младинската школа на КК Гостивар, генерацијата М13 кои денеска во Скопје учествуваа на кошаркарски турнир и го освоиа првото место.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар