Спорт
КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70
Екипата на Гостивар победи во дуелот и со Еуроникел совладувајќи го вечерва во Младост со резултат 78-70. Со што трката за завршниот плеј-оф ја направи крајно неизвесна.
И во овој натпревар кошаркарите на КК Гостивар влегоа крајно пожртвувано од самиот почеток добивајќи ги сите четири периоди, ретки беа моментите кога кавадарчани имаа водство, истото претежно низ целиот меч беше на страната на домаќинот. Првиот период гостиварци го добија (18-14), вториот (20-19), по што на паузата се замина со резултат 38-33.
Избраниците на Никола Димитриевски продолжија во исто темпо и во вториот дел, достигнувајќи ја во третиот период и највисоката предност од +11 поени. Иако домаќинот го контролираше натпреварот, победникот се одлучи во последните минути. Гостите од Кавадарци се приближија на „минус два“ (64-62), на 6 минути до крајот, но Гостивар се разбуди во вистински момент кој рутински го приведе мечот кон крај, за конечни 78-70.
Ефремовски и Гетлинг со по 16 поени беа најефикасни кај Гостивар, Тодоровиќ постигна 12, Јанески и Силаџи по 11, Рансом 19 и Ре. Димитриевски 2 поени. Џордан Калахан со 18 поени беше најефикасен поединец на натпреварот.
Фото галерија:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар