Вести
КК Гостивар го враќа сјајот на својата школа
Објавено
пред 2 годинина

Кошаркарскиот клуб Гостивар полека, но со сигурност ги остварува дадените ветувања од минатата сезона. Дека се решени својата иднина да ја темелат врз играчи од својот погон, говорат и најновите промени. Последна новина кај гостиварци е тоа што клубот целосно ја реорганизира и ја надградува младинската школа.
Од сезона 2018/2019, КК Гостивар во својата школа ќе ги има сите младински генерации. Целта на овој проект е напредок во кошарката. КК Гостивар да биде конкурентен и активен во младински категории, поттикнување и развој на кошаркарските таленти, социјализација и од „мали нозе” да им се всади љубовта кон „бело-синиот“ дрес. Почнувајќи од м12, м14, м16, м18 сите ќе се натпреваруваат во официјалните младински лиги. КК Гостивар ќе има претставник и во Третата кошаркарска лига каде ќе играат најталентираните кошаркари и оние кои се со помала минутажа во првиот тим. Сите таленти ќе имаат можност за екипен и индивидуален напредок, ќе ги посетуваат тренизите и работат со кошаркарите од првиот тим, сите ќе бидат КК Гостивар.
Ова е резулатат на тоа што гостиварскиот клуб се договори со неколку кошаркарски школи од Гостивар кои самостојно работеа со различни генерации, односно КК Кетс и КК Дамвер да преминат под капата на КК Гостивар. Координатор на младинската школа ќе биде Крсте Серафимоски, тренер на екипата во Трета лига ќе биде Петар Ангелов, како тренери ќе работат и Денис Селими, Никола Димитриески и Андреја Гавриловски. Со селективни тренинзи ќе се започне кон средината на август.
„Ова е дел од целиот проект наречен КК Гостивар. Сите знаеме дека Гостивар изобилува со спортски таленти во сите спортови. Сакаме на оние кои ја избрале кошарката да им ги обезбедиме сите потребни услови, да бидат дел од сериозен кошаркарски клуб и да не се грижат за нивната иднина, на младите кошаркари ќе остане само напорно да тренираат. Со овој проект голем бенефит ќе добие и македонската кошарка“, велат од КК Гостивар.
АНКЕТА:

403 нови случаи на ковид-19 во земјава

Гостиварката д-р Хатије по вакцинирањето: Немам никакви несакани ефекти, вакцината е светлина на крајот на тунелот

„Дарувај Крв“ – мобилна апликација за крводарители на гостиварецот Александар Богданоски

Гостиварец пријавил измама – останал без „бмв“ , „крајслер“ и пари

Болницата во Гостивар подновена со опрема и апаратура вредна 50.000 евра

Викенд временска прогноза

Три жртви на ковид од регион на Гостивар меѓу кои и млад гостиварец

Бебешкиот плач во Гостивар се слуша и во пандемија, 583 бебиња родени лани

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка