Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар: И покрај неправдите, ќе продолжиме да играме за навивачите и градот

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар, излезе со соопштение по состанокот кој се одржа по повод случувањата на кошаркарскиот КУП во Гевгелија. Соопштението на клубот ви го пренесуваме во целост:

„На состанок на Управниот одбор на Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој вонредно заседаваше после случувањата и елиминацијата на КК Гостивар од куп натпреварувањето, на кој единствена точка на дневен ред беше понатамошното учество во Супер лигата се донесе следниот заклучок:

Земајќи ги во предвид до сега вложениот труд, напори, финанси, љубовта на градот кон спортот, обврските кон верната публика која е нашата сила, КК Гостивар ќе продолжи да се бори против сите неприродни сили кои се појавуваат во кошарката и спортот. Гостивар ќе има кошарка!

Иако, наспроти наведеното од другата страна имаме Федерација каква што имаме, иако на националниот куп судиите се делегираат во Мрзенци, иако арбитражата на тие судии ја виде целата јавност само не тие што треба, иако делегатот по своја или туѓа волја немаше никава забелешка за играњето фудбал, во нити еден момент во таа тензична атмосфера каде се промовира фер плеј не се прегледа нити една спорна ситуација на која им се сугерираше, иако денеска во Струмица беа нападнати М14 младинците на КК Гостивар, од страна на делегираниот делегат на МКФ, иако во нормалниот свет после вакви скандали има оставки и суспензии. Сето ова во интерес на кошарката ќе биде предочено на ФИБА.

Благодарност до сите, кои не поддржаа после натпреварот во Гевгелија.“

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена