Некатегоризирано
КК Гостивар и Сегариќ со извинување до кошаркарската јавност во Гостивар

На вчерашниот натпревар помеѓу КК Гостивар и МЗТ Скопје во последните секунди од натпреварот, дојде до мало „искрење“ помеѓу публиката и еден од домашните играчи.
Утрово во нашата редакција се јавија од КК Гостивар и еден од учесниците кој побара јавно да се извини на целата кошаркарска јавност во Гостивар.
„Им се извинувам на сите во публиката, клубот, навивачите и Гостивар за она што се случи. Во жарот на борбата помислив дека е некој од страна и намерно не провоцира, изреагирав импулсувно. И сега не знам што точно се случи. Се извинувам на сите уште еднаш, навистина ми е жал. Ќе се борам за вас секогаш“, рече Јурај Сегариќ.
И од Кошаркарскиот клуб Гостивар, спортски се извинија и заблагодарија на публиката.
„И од име на КК Гостивар се извинуваме на нашите навивачи за избрзаниот и непромислен потег на нашиот играч, Јуре е добро момче, безброј пати се извини после ситуацијата, сигурни сме дека се кае и нема лоши намери, впрочем сите заедно се бориме цела сезона и сите ја посакувавме победата вчера. Дополнително, сакаме најискрено да се заблагодариме на оваа наша гостиварска публика која не прави горди на секој натпревар и ни дава мотив за понатака“.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја