Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар ја почнува битката за опстанок против Шкупи

Објавено

на

    По скоро три недели пауза во домашното кошаркарско првенство, утре (23 април) стартува завршницата во Првата македонска кошаркарска лига за сезоната 2024/2025. Кошаркарскиот клуб Гостивар ќе ја започне својата борба за опстанок со натпреварот против Шкупи.

    Натпреварот е закажан за среда (23 април) во салата „Младост“ во Гостивар, со почеток во 17:00 часот. Овој дуел претставува прв од серијата шест натпревари кои ќе го одлучат идниот прволигашки статус на тимот. Покрај Гостивар и Шкупи, во плеј-аутот се и екипите на Тиквеш и Вардар.

    Гостивар, ја заврши регуларната сезона на 10. позиција со 7 победи и 15 порази, – резултат кој е под очекувањата и традицијата на клубот, кој за првпат во поновата историја се наоѓа во ситуација да се бори за опстанок преку плеј-аут. Сезоната беше исполнета со предизвици, но тимот сега има можност да се консолидира и да ја покаже својата вредност зголемувајќи ја надежта дека со поддршка од навивачите и максимална борбеност ќе го задржи своето место во Првата лига.

    Форматот на плеј-аутот е лига-систем – секој тим игра против секој, дома и на гости. По сите шест кола, првите две екипи ќе обезбедат опстанок, а останатите две ќе испаднат во Втората лига.

    Распоред на натпревари за КК Гостивар во плеј-аутот:

    • Гостивар – Шкупи
    • Тиквеш – Гостивар
    • Гостивар – Вардар
    • Шкупи – Гостивар
    • Гостивар – Тиквеш
    • Вардар – Гостивар

    На кошаркарите на Гостивар им е потребна поддршка од трибините, сега повеќе од кога било. Победа на стартот може да биде клучен поттик за Гостивар во продолжението од плеј-аутот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена