Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар ја започнува својата одисеја во Првата кошаркаска лига

Објавено

на

По четири месеци пауза најдобрите екипи во македонската кошарка викендов ја започнуваат трката по 27-тата шампионска круна во Првата лига.

КК Гостивар својата одисеја ќе ја започне пред својата публика. Утре, сабота од 18 часот избраниците на Марјан Србиновски, ќе ја пречекаат екипата на Кожув од Гевгелија.

Како најави во средата, на настанот по повод почетокот на новата сезона, Србиновски очекува годинава КК Гостивар да заврши барем место погоре од минатата, со што би обезбедиле плејоф.

– Ако се земат во предвид околностите и можностите имаме основа да најавиме добра игра и резултати. Ќе се обидеме да постигнеме такви за да се искачиме едно скалило погоре и да додјеме до плеј-офот. Поддршката на навивачите и помагачите на спортот и оваа година ќе ни биде неопходна, а ние на теренот ќе возвратиме со добри игри, рече Марјан Србиновски.

Милан Димитриески, Јурај Сегариќ, Александар Костоски, Ренато и Роберт Димитриевски, Димче Тасоски, Ивица Димчески, Јетмир Зеќири, Мартин Шалев и Џо Фурстингер се кошаркарите кои ќе ја водат главната битка во првенството, потпомогнати од младинците на КК Гостивар.

Поддршката од трибините на отварањето на сезоната им е повќе од потребна на кошаркарите. Управата на клубот, тренерот, кошаркарите ги повикуваат сите симпатизери на КК Гостивар да дојдат и заедно се изборат за прва победа во првенството.

Минатата сезона завршивме ТУКА, да ја продолижиме традицијата и оваа сезона.

Влезници за натпреварот може да се набават во Royal Garden B&B Tobacco во центарот на градот, ќе се продаваат и на билетарницата пред почеток на натпреварот. Влезниците се 50 денари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена