Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 14/06/2019 | 17:47

КК ГОСТИВАР јавно се заблагодари на спонзорите и ги повика сите компании од Гостивар да се приклучат

Кошаркарскиот клуб Гостивар, кој сезонава беше вистинска гордост за љубителите на кошарката и спортот од регионов, приредувајќи незаборавни моменти на гостиварци и овозможувајќи им да бидат дел од една спортска манифестација која е почитувана низ цел свет. Денеска излезе со соопштение во кое јавно им се заблагодари на спонзорите кои го поддржуваат клубот и ги повикаа сите останати компании од Гостивар и регионот да ја покажат својата општествена одговорност и заеднички придонесат за поголеми успеси.

Соопштението на „бело-сините“ ви го пренесуваме во целост:

 

Почитувани,

Заврши кошаркарската сезона 2018/2019. Кошаркарскиот клуб Гостивар првенството го заврши на 4-тото место, стигна и до полуфинале во кошаркарскиот КУП, со што ја исполнивме зацртаната цел од почетокот на сезоната. 
Со ова писмо сакаме да се обратиме на целата спортска јавност од Гостивар и регионот и да се заблагодариме на оние кои беа со нас и кои после 18 години ја вратија кошарката во Гостивар на ова ниво.

Голема благодарност до спонзорите на КК Гостивар, кои го понесоа најголемиот товар изминатава сезона.

Генерални спонзори:
Монтенегро, Велан инжинеринг, Гоинвест, Циклама, Тобако трејд, Голд стајл, Маврово Ј-Т, Зоки и Јоцо, Ненико, Општина Гостивар.

Спонзори:
Пуцко петрол, БАС комерц, НЛБ Банка, УНИ Банка, Вардар Доломит, Кенан Фармација, Индекс, Прогрес 98, МиТ Карнем, Триглав осигурување, Рекорд баклава, Маја вода, Алмеро.

Поддржувачи:
Ројал Гарден, Мекиците од Стража, Насир Турс, Ресторан Сајгија, Сендвичара М, Пица МИА, Ресторан Европа, Амброзија, Бела рада, Дипломат, ПЗУ Др. Никола, Ски шоп Маврово.

Овие компании го потврдија својот кредибилитет и општествена одговорност. Со вложувањето во КК Гостивар сакаат да се оддолжат на градот. Гостивар изобилува со успешни компании, истите доколку сакаат да помогнат во афирмацијата на својот град, спортот и ја докажат својата општествена одговорност, може дополнително да придонесат да го направиме КК Гостивар уште посилен бренд.

Јавно ги повикуваме сите компании од Гостивар и регионот да се приклучат и сите заедно донесеме нова радост и успеси во Гостивар. Кошарка имало и ќе има во нашиот град засекогаш, во тоа сме сигурни. Да ја продолжиме магијата на КК Гостивар, со успесите да ја радуваме публиката и промовираме Гостивар во државава, а зошто не и во Европа.

Со почит,
КК Гостивар

_____________________________________________

Te nderuar,
Mbaroj sezoni i basketbollit 2018/2019. Klubi i basketbollit Gostivar garen e mbaroj ne vendin e 4, ariti edhe ne gjysemfinalen e Kupit te basketbollit, me cka edhe ja aritem qellimit qe e kishim ne fillim te sezonit. Me kete leter duam tju drejtohemi gjithe publikut sportiv ne Gostivar dhe me gjere dhe tju faleminderojme te gjithe atyre qe ishin me ne dhe qe mbas 18 viteve e kthyen basketbollin ne kete nivel.

Faleminderim per sponzoret e KK Gostivar, qe e mbajten peshen me te madhe sezonin e kaluar.

Sponzor gjeneral:
Montenegro, Velan Inzinjering, Goinvest, Ciklama, Tobako Trejd, Gold Stajl, Mavrovo J-T, Zoki i Joco, Neniko, Komuna e Gostivarit.

Sponzore:
Pucko Petrol, Bas Komerc, NLB Banka, UNI Banka, Vardar Dolomit, Kenan Farmacija, Indeks, Progres 98, MiT Karnem, Triglav sigurime, Rekord baklava, MAYA, Almero

Perkrahes:
Royal Garden, Mekicite od Straza, Nasir turs, Restorant Sajgija, Sendvicara M, Pizza Mia, Restorant Evropa, Ambrozija, Bela Rada, Diplomat, PZU Dr.Nikola, Ski shop Mavrovo.

Keta kompani e deshmuan kredibilitetin dhe pergjegjesine komunale. Me investimin ne KK Gostivar duan ti revanshohen qyetit. Gostivari punon me kompani te sukseshme, te njejtat qe duan te ndihmojne ne afirmimin e qyetit te tyre, sportin dhe te vertetojne pergjegjesine per qytetin munden te bashkangjiten qe ta bejme KK Gostivarin brend ala me te fuqishem.

Publikisht i ftojme te gjithe kompanite e Gostivarit dhe regionit tna bashkangjiten dhe se bashku te sjellim suksese dhe jehona te reja ne Gostivar. Basketboll ka pas dhe do te kete pergjithmone ne qytetin tone. Ta vazhdojm magjine e KK Gostivar, me sukseset ta gezojme publikun dhe ta promovojme Gostivarin ne kete shtet, e pse jo edhe ne Europe.

Me respekt,
KK Gostivar

Напишете коментар