Вести
КК Гостивар: Јурај Сегариќ во добра состојба после незгодата на вчерашниот меч
Хрватскиот интернационалец во редовите на Гостивар, Јурај Сегариќ долго ќе го памети дебито пред домашната публика за новиот клуб.
Гостивар убедливо го совлада Кожув, а Сегариќ го заврши натпреварот со завој околу главата. По еден судир со главите со противнички кошаркар, тој остана да лежи и потоа мораше да го напушти теренот. За среќа, се е в ред.
„Беше тежок судир по кој се онесвестив, но тоа кратко траеше. Имаше крв на теренот, па соиграчите, стручниот штаб и докторите се исплашија дека се работи за сериозна повреда.
Подоцна ме прегледаа и видоа дека е мала раната и дека не е ништо страшно. Најважно е дека не чувствувам болки и нема да паузирам”, изјави Сегариќ за basketball.mk.
Гостивар, заедно со Блокотехна, е едно од пријатните изненадувања во сезоната. По првите две кола оствари две победи совладувајќи еден поранешен шампион и поранешен вицепрвак. Триумфот против Кожув беше убедлив, но долго време домаќините се мачеа да го скршат отпорот на противникот.
„Малку нервозно влеговме во натпреварот бидејќи ни беше прв на домашен терен. Потоа ја стабилизиравме играта и направивме предност од 20 разлика за да се опуштиме и поради наши грешки да му дозволиме на противникот да се доближи на само два поени негатива.
Но, потврдивме дека сме поквалитетни, стегнавме во одбрана и на крајот заслужено победивме”, додаде хрватскиот интернационалец.
Иако се повреди, Сегариќ на теренот помина 29 минути и беше втор стрелец во тимот со 19 поени, веднаш зад Јетмир Зеќири кој стигна до 23.
Во соработка со:
Basketball.mk
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар