Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Објавено

на

Кошаркарската федерација на Македонија експресно изрече санкции по инцидентот во салата „Младост“ кој се случи вчера на натпреварот меѓу екипите на КК Гостивар и Пелистер.

Кошаркарскиот клуб Гостивар вкупно парично е казнет со 165.000 денари. Два натпревари без присуство на публика, суспензија за тренерот Димитриевски од еден натпревар и суспензија за физиотерапевтот Ѓорѓески од два натпревари.

Во продолжение официјалниот казнен билтен на КФСМ изречен за КК Гостивар:

ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ:
2. Поради слаба организација согласно членот 54.26, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со
парична казна од 8.000 денари,

3. Поради фрлање на тврди предмети кои може да причинат повреда (запалки, метални пари,
пенкала, пластични шишиња и сл.) согласно членот 55.3, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува
со парична казна од 24.000 денари,

4. Поради фрлање на тврд предмет (пластично шише) со кој е погоден тренерот на КК
„ПЕЛИСТЕР“, Марјан Илиевски, согласно членот 55.10, екипата на КК „ГОСТИВАР“ се казнува со
парична казна од 64.000 денари и два (2) натпревари настап без публика на домашен терен.

ЗА ЕКИПАТА НА КК „ГОСТИВАР“:

5. Поради агресивност на физиотерапевтот на КК „ГОСТИВАР“, Ѓорѓески В., и обид физички да се
пресмета со играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Стајиќ Б., согласно членот 56.4, истиот се казнува со
два (2) натпревара забрана на вршење должност, коло 9 и 10 Супер лига.

6. Тренерот на КК „ГОСТИВАР“, Димитриески Н., согласно членот 39.2.2, односно 39.2.3 од
Официјалните кошаркарски правила на ФИБА е одговорен за клупата! Истиот активно не
учествувал да ја спречи ситуацијата која води кон тепачка и за тоа, согласно членот 56.4 се
казнува со парична казна од 24.000 денари и забрана на вршење должност на еден (1)
натпревар, коло 9 Супер лига.

7. Поради напуштање на клупата во ситуација која води кон тепачка и нивно отстранување од
натпреварот, согласно членот 56.1, службените лица:

Замениците (играчи) на КК „ГОСТИВАР“, Димитриевски Р., Димитриевски Р., Гатлин С.,
Стојаноски Т., Јовицоски З., Серафимовски В. и Левкоски В. се казнуваат со парична
казна од 5.000 денари за секој поединечно, и право на настап во следното 9 коло
Супер лига.

Помошникот тренер на КК „ГОСТИВАР“, Петар Ангелов се казнува со парична казна од
5.000 денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига,

Техничкиот раководител на КК „ГОСТИВАР“, Ѓорѓи Божиновски се казнува со парична
казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига.

Екипата на Пелистер е казнета со 153.000 денари, и суспензија на играчот Стајиќ од два натпревари и тренерот Илиевски еден натпревар.

Во продолжение официјалниот казнен билтен на КФСМ изречен за КК Пелистер:

ЗА ЕКИПАТА НА КК „ПЕЛИСТЕР“:
8. Поради активно учество во тепачка, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Бобан Стајиќ, согласно членот
56.4, се казнува со забрана на вршење должност на два (2) натпревара, коло 9 и 10 Супер
лига.

9. Поради фрлање на тврд предмет кон публиката во салата „МЛАДОСТ“, член 61.3 од
Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Стајиќ Б. се
казнува со парична казна 32.000 денари согласно членот, 15.2 и 17 од Дисциплинскиот
правилник на КФСМ.

10. Поради фрлање на тврд предмет кон публиката во салата „МЛАДОСТ“, член 61.3 од
Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Најдовски
Д. се казнува со парична казна 32.000 денари согласно членот, 15.2 и 17 од Дисциплинскиот
правилник на КФСМ.

11. Поради неспортски однос кон публиката и туркање на клупата со заштитна ограда на
гостинската екипа, тренерот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Илиевски М., согласно членот 56.4 се казнува
со парична казна од 24.000 денари и забрана на вршење должност на еден (1) натпревар, коло
9 Супер лига.

12. Играчот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Малешевиќ Н, согласно 61.2 и 61.3 поради неспортски однос кон
публиката со изречени навреди и пцости кои ја испровоцирале истата да фрлаат тврди
предмети на теренот се казнува со парична казна од 15.000 денари, (член 15.2 и 17 од
Дисциплински правилник).

13. Поради напуштање на клупата во ситуација која води кон тепачка и нивно отстранување од
натпреварот, согласно членот 56.1, службените лица:

Замениците (играчи) на КК „ПЕЛИСТЕР“, Ѓуроски С., Пајиќ П. Најдовски Д., Хаугтон Д.,
Трајковски Г. и Крстајиќ С. се казнуваат со парична казна од 5.000 денари за секој
поединечно, и право на настап во следното 9 коло Супер лига.

Помошникот тренер на КК „ПЕЛИСТЕР“, Дејан Илиевски се казнува со парична казна од
5.000 денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига,

Техничкиот раководител на КК „ПЕЛИСТЕР“, Димитар Богоевски се казнува со парична
казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига.

Службениот претставник на КК „ПЕЛИСТЕР“, Мартин Јовановски се казнува со парична
казна од 5.000 денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига.

Физиотерапевтот на КК „ПЕЛИСТЕР“, Јован Боглев се казнува со парична казна од 5.000
денари и право на настап во следното 9 коло Супер лига.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
На натпреварот одигран на 15.05.2021 година помеѓу екипите на КК „ГОСТИВАР“ и КК „ПЕЛИСТЕР, по
увидот од службената документација од натпреварот утврдено е дека:

За време на прекинот во четвртата (4) четвртина, 6:56, дел од навивачите навредливо се обратиле
кон противничкиот играч Малешевиќ кој влегол во вербален дуел со истите и заработил Техничка
Грешка (ТГ).

Во овој момент, многубројни меки и тврди предмети биле фрлени на теренот и околу клупите и
записничката маса од кои неколу паднале на клупата на гостинската екипа КК „ПЕЛИСТЕР“, при што
бил погоден со пластично шише тренерот на истата, Илиевски М. кој паднал на подот. После кратката
интервенција, истиот се подигнал и влегол во вербален дуел со публиката, при што ја турнал клупата
и заштитната ограда на истата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 41 минута

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 2 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 3 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 4 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 4 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 18 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 24 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена