Спорт
КК Гостивар ќе го нападне и ТФТ Скопје, почеток 19 часот

По победите над вицешампионот Пелистер и актуелниот шампион МЗТ Скопје, екипата на КК Гостивар денеска го пречекува и актуелниот освојувач на куп-трофејот ТФТ Скопје.
Гостиварци имаат отворање на сезоната како само може да посакуваат, двете победи против најголемите фаворити за врвот на табелата се добар показател дека овој состав може да се носи со најсилните во лигата. Грузиецот Корсантиа и американецот Пипкинс заедно имаат постигнато точно половина од вкупниот број поени во двата натпревари, истакнувајќи се како нови носители на играта во бело-синиот табор.
ТФТ Скопје има еден пораз и една победа во новата сезона, екипата од Тафталиџе загуби од МЗТ Скопје, а го совладаа Чаир 2030. И составот на Боро Смилковски претрпе драстични измени во споредба со минатата сезона, во која остварија историски успех освојувајќи го кошаркарскиот КУП. ТФТ Скопје сезонава играше квалификации за кошаркарската лига на шампиони, учесник е во АБА2 натпреварувањето.
Во меѓусебните пресметки овие две екипи имаат одиграно седум дуели, КК Гостивар има 4, ТФТ Скопје 3 победи.
Осмиот дуел започнува во 19 часот, во живо на интернет натпреварот може да го следите ТУКА.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава