Спорт
КК Гостивар – Куманово денеска од 18 часот
Кошаркарките на Гостивар, денеска од 18 часот ја пречекуваат екипата на Куманово. Ова е одложен натпревар од 2-то регуларно коло, кое поради ковид пандемијата не се одигра.
Кумановци со 6 одиграни натпревари се наоѓаат на 7. позиција на табелата со скор од 4 победи и 2 порази. Ги совладаа екипите на Вардар, Црн Дрим, МЗТ 2 и ТФТ Скопје. Загубија од Пелистер и Академија ФМП. Куманово сезонава се натпреварува и во БИБЛ лигата каде бележи скор од 3 победи и 4 порази. Избраниците на Мирковски важат за традиционално незгоден противник на гостиварци.
КК Гостивар во денешниот дуел влегува после победата над МЗТ 2, пред 4 дена. Со која имаат скор од 4 победи и 3 порази и моментално се наоѓаат на 5. позиција на табелата. Во последните 11 официјално одиграни натпревари помеѓу овие две екипи кумановци имаат 6, гостиварци 5 победи.
Овој натпревар требаше да се игра во Куманово, но поради проблемите со спортската сала во овој град, КК Гостивар прифати промена на термините со тоа што вечерва и официјално ќе бидат домаќин.
Натпреварот се игра без присуство на публика.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар