Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар мора да го победи ТФТ во Скопје за пласман во Плеј-оф

Објавено

на

Директниот дуел, помеѓу ТФТ Скопје и КК Гостивар, кој е закажан за денес од 18.часот, а ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе го даде четвртиот и последен учесник во завршнцата на оваа натпреварувачка сезона во Првата лига-мажи.

По 31 одиграно коло во сезоната 2021/22 и двете екипи се со изедначен скор, односно по 17 победи и по 14 порази, гостиварции имаат мала, но подобра вкупна кош разлика поради што се наоѓаат на повисоката позиција на табелата. И во меѓусебните дуели сезонава гостиварци се во предност, од три натпревари имаат две победи, наспроти една на ТФТ.

Од вкупната статистика, која ја прави КФСМ и ги издвојува најдобрите 10, од екипата на ТФТ во позначајните категории може да се најде само Александар Костоски како трет асистент во лигата со вупно 48 асистенции, за споредба од КК Гостивар во истата табела се Кахим Рансом со 45 и Виктор Ефремовски од со 44 асистенции. Гостивар го има 10-от најдобар скокач во лигата Никола Силаџи со 63 скока, во останатите споредби екипите се изедначени.

Бројките и статистиката кажуваат дека и двете екипи со еднакви шанси влегуваат во денешната пресметка, и имаат еднакво право да се надеваат дека ќе го продолжат натпреварувањето во финалниот Плеј-оф. Повеќе од јасно е дека на паркетот ќе одлучуваат борбеноста, концентрацијата, тактиката и желбата да се добие натпреварот, за мотив во ваков натпревар од најелитното кошаркарско натпреварување во земјава, нема потреба да се трошат зборови.

Следуваат стресни, неизвесни и возбудливи, најмалку 40 минти во СЦ Кале во Скопје, по кои мора да има победник. По завршувањето едно е сигурно, победникот оди во Ф4, за поразениот завршува кошаркарската сезона.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена