Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар му го зеде “скалпот” на шампионот МЗТ Скопје (67:64)

Објавено

на

Во преполна сала Младост, во спектакуларен натпревар со две различни полувремиња КК Гостивар го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје 67:64, по четвртини (8:16, 15:22, 18:18, 26:8)

Натпреварот започна сосема невообичаено мирно и ништо не наговестуваше на крајно возбудлив меч, дури 6 минути резултатот на семофарот покажуваше 2:2. МЗТ ја презеде играта и полека но сигурно ја зголемуваше разликата, во втората четвртина стигна дури до двоцифрена предност, 23:38 беше најголемата разлика во првиот дел.

Почетокот на третата четвртина беше изедначена во поени, но гостите се чинеше имаат целосна контрола врз натпреварот. Тогаш работите во свои раце ги презеде најискусниот во екипата на Србиновски, Димче Тасоски распали со сите сили по кошот на гостите, постигна вкупно 23 поени. Со четири тројки по ред ја топеше предноста на металците, се разбудија и Димчевски и Таварион Никс кој со спектакуларно забивање ги доведе “бело-сините” на само еден поен негатива. Во нареден напад Магдевски погоди за три, што доведе до ерупција во Гостивар. Во таква атмосфера гостите едноставно капитулираа.

Тасовски беше најзаслужен за оваа голема победа со 23 коша беше најефикасен на натпреварот, Димчевски, Магдевски и Сегариќ постигнаа по 9, Никс запиша 7 поени. Кај гостите од Скопје најефикасни беа Крафорд 13 и Лалиќ со 12 поени.

Публиката видно задоволна од прикажаната игра, громогласно ги поздрави кошаркарите по завршувањето на мечот. Наредно коло гостиварци му гостуваат на Работнички во Скопје.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена