Спорт
КК Гостивар на гости кај Кожув во Гевгелија

На две кола пред крајот на регуларниот дел од Првата кошаркарска лига познати се сите патници во разигрувањето за титула и борбата за опстанок, но се води интересна битка за конечниот распоред на табелата и предноста од домашен терен.
КК Гостивар е во директна трка со ТФТ Скопје за третата позиција. „Бело-сините“ од Гостивар денеска од 18 часот му гостуваат на Кожув во Гевгелија, а „црно-белите“ од Тафталиџе од 20.30 се гости во Битола кај екипата на Пелистер.
Гостиварци имаат доста подобар скор во дуелите со екипата на Кожув, од 13 меѓусебни пресметки како победници излегле 9 пати, а гевгеличани славеле во 4 натпревари. Избраниците на Александар Јончевски изборија пласман во разигрувањето за титула како осмопласирана екипа, во досегашниот дел од натпреварувањето запишаа 8 победи и 12 порази.
Натпреварот се игра во салата “26 Април” во Гевгелија, во живо може да го следите ТУКА.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение