Спорт
КК Гостивар од 18 часот ја пречекува екипата на Кожув

Продолжуваат кошаркарските возбудувања во Првата македонска кошаркарска лига. Викендов на програмата е редовното 11.коло во кое Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска ја пречекува екипата на Кожув од Гевгелија, впрочем ова е последно коло од есенскиот дел.
Ова е дуел на петтопласираната и осмопласираната екипа на табелата, но разликата е само поради кош разликата двете екипи имаат ист скор по 15 бодови, како и екипите на ТФТ, Еуроникел и Феникс.
Гевгеличани по лошото отворање на сезоната со 3 порази, ја консолидираа формата која има голем подем во играта и во резултатите, во последните 5 натпревари Кожув има 4 победи, за разлика од Гостивар, кој е во мини-криза, од 5 натпревари има 4 порази.
Традицијата во меѓусебните дуели помеѓу овие два клуба е на страна на домаќините, од 10 последни натпревари КК Гостивар има 6 победи, наспроти 4 на Кожув.
Натпреварот се игра од 18 часот.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 2 дена
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер