Вести
КК Гостивар оди по „брејк“ во Скопје против МЗТ (17:30 часот)
Можеби на некои читатели насловот ќе им звучи премногу оптимистички, но спортската надеж е суштината на секој спорт, а вербата во клубот од Гостивар е голема. Едноставно, не е готово, додека судијата не свирне крај. До тогаш играта трае.
МЗТ Скопје има предност од 2-0 во полуфиналната пресметка од годинешниот плеј-оф. Ги доби двата натпревари против КК Гостивар со 87:68 и 86:92. Благодарение на актерите од двете екипи, бевме сведоци на одлична кошарка.
КК Гостивар во последниот натпревар покажа дека може да игра против силната екипа на МЗТ Скопје, анулирајќи ја предноста од 19 поени на гостите, го загуби натпреварот во последните секунди. Во денешните 40 минути, гостиварци нема што да загубат: со победа ќе го почестат Гостивар со уште еден незаборавен хепенинг, со пораз ќе ја заокружат успешната сезона.
За МЗТ Скопје, победа во овој натпревар значи финале. И неколку дополнителни денови за одмор пред финалната пресметка со подобриот од Работнички – Блокотехна.
Натпреварот се игра од 17:30 часот, во СЦ Јане Сандански во Скопје. После инвазијата на гостински навивачи во првото коло, домаќинот овојпат не дозволува публика од Гостивар.
МРТВ ќе врши директен пренос од натпреварот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар