Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар поразен од Работнички, но останува не надигран

Објавено

на

Гостивар и Работнички одиграа еден од најинтересните натпревари оваа сезона во Првата лига.

Победи Работнички, но мора да се каже дека се спаси во пеколот на салата „Младост“. Дојде како фаворит, а на крајот победи со 78:76 благодарение на одличниот финиш во кој покажа големо искуство и смиреност.

Натпреварот почна израмнето, но така беше само во првите шест минути кога на семафорот стоеше 11:11. Предводен од Гинјард, Работнички направи серија од 14:0 и по две минути игра во вториот период водеше со 25:11.

Гостивар успеа да се доближи на пет поени негатива (24:29), но во финишот на сцена стапи гостиварецот Виктор Ефремоски кој со четири тројки му ја донесе на Работнички најголемата предност (41:26) со која се замина на пауза.

Гостивар изгледаше скршен, но само во очите на навивачите. Со почетокот на второто полувреме стартуваше огромниот пресврт на домаќините предводен од искусните Тасовски и Димчевски.

Отвори постариот со две тројки во низа, а продолжи “детето на Работнички” со пет тројки кон крајот на третата и почетокот на последната четвртина. Од сигурна предност на полувреме, Работнички се најде во ситуација да брка негатива бидејќи во 31. минута на семафорот стоеше 59:54 за Гостивар.

Мора да се истакне дека Работнички го снајдоа низа несреќи. Во првото полувреме се повреди Мираковски кој остана на клупа, потоа се повреди и Чековски кој не се врати на теренот, а на стартот од второто полувреме и Чавдар Костов направи четири лични грешки поради што Докузовски мораше да го извади. Пресвртот на Гостивар се совпадна со неговото излегување од игра. Кога тој се врати и лидерот почна повторно да игра.

Во период од три минути во последната четвртина Работнички направи серија од 12:0 и повторно се најде во водство од 71:64 на помалку од пет минути пред крајот. Но, Гостивар и тука не дозволи да биде скршен. Повторно проработе инаетот и на нешто повеќе од минута пред крајот по тројката на Сегариќ израмни на 73:73.

Следуваа четири поени во низа на Гинјард, Сегариќ не го погоди следниот обид за три и на 24 секунди пред крајот на семафорот стоеше 73:77. Немаше повеќе време за нов пресврт.

Без разлика на поразот, Гостивар покажа дека мора сериозно да се смета на него. По одличната игра против МЗТ Скопје во вторникот, ова беше уште едно одлично издание на повратникот во Првата лига од кого во иднина можат да се очекуваат уште подобри игри.

Во одлично издание се прикажа Тодоровиќ кој заврши со дабл-дабл од 21 поен и десет скока, додека Димчевски со пет погодени тројки застана на 20 поени.

Во соработка со:

Basketball.mk

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 6 часа

МОН: Наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк може да се подигнуваат и во сабота

Гостиварпред 6 часа

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Македонијапред 9 часа

Ангелов: На територијата на НП „Маврово“ има 160 до 180 мечки, а според одредени норми треба да се 70

Гостиварпред 10 часа

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Гостиварпред 11 часа

48 годишник задржан во ПС Гостивар поради напад врз партнерката

Македонијапред 12 часа

Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми

Гостиварпред 13 часа

Жител на Врапчиште пријавил соселанец за напад со остар предмет

Гостиварпред 14 часа

Во Општина Гостивар 69 нови вработувања во 2024-та година, Советот го усвои планот

Спортпред 15 часа

Заврши Светското шаховско првенство во Струга, петто место за „Македонија Алкалоид“

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 1 недела

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 1 недела

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 3 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена