Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар по продолжение го „скрши“ ТФТ Скопје 115-109

Објавено

на

115-109 заврши натпреварот помеѓу КК Гостивар и ТФТ Скопје во последното 22. коло од регуларниот дел на првенството, со што гостиварци најверојатно го обезбедија 5. место на табелата.

Но, не одеше се според планот на домаќините иако први поведоа, гостите од Скопје прикажаа фантастична игра во првите 10 минути, на минута пред крајот на првиот период достигнувајќи двоцифрена предност, четвртината заврши (20-33). Гостите од Тафталиџе имаа и високи +15 во вториот период, но тогаш тргна офанзивата на Гостивар, успеаа да ја намалат негативата на -7, добивајќи го периодот (26-20), на полувреме се замина со резултат 46-53.

Изедначен беше натпреварот и во вториот дел, никој од екипите не успеваше да направи поголем исчекор, но како истекуваше времето на семафорт, така гостиварци го „кршеа“ противникот. Големата борба на паркетот продолжи и во последната четвртина, водството се менуваше во неколку наврти за на крај да се премине на екстра продолжеток, при резултат 90-90.

Во продолженијата гостиварци се покажаа како далеку поискусни и поефикасни. Добивајќи ги петте екстра минути (23:17), со што се постави конечниот резултат 115-109.

Аца Тодоровиќ со 28 поени и 7 скока беше најефикасен на натпреварот, Александар Костоски запиша 27 поени и 10 асистенции, Јанески запиша 22, Димчевски 10, Николиќ и Лакиќ по 8, Димитриевски 7, Тасовски 5 поени.

Кај ТФТ, Харис и Андерсон беа најрасположени со 26, односно 23 поени.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена