Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар победи во Куманово (79:91)

Објавено

на

Кошаркарите на КК Гостивар во возбудлив натпревар ја совладаа екипата на Куманово, во Куманово со резултат 79:91.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, успаа за 10 минути да уфрлат 30 поени, наспроти 18 на гостите од Гостивар. За во вториот период гостиварци да сватат дека победата не може да дојде сама и заиграат како се очекува од оваа екипа, пред се во одбраната дозволувајќи му на противникот да постигне само 13 поени. На полувреме се замина со резултат 43:40.

Ефикасното прво полувреме беше само загревање за возбудливата и квалитетна кошарка која актерите на двете екипи ја прикажаа во вториот дел. Вистинска брканица и борба за секој поен беше во третиот период надмудрувајќи се под обрачите, каде кошаркарите на Гостивар на три минути пред истекот на 3/4 за прв пат го презедоа водството, периодот им припада на гостите 18:26. Во последната четвртина гостиварци веќе го контролираа натпреварот, наметнаа свој стил на игра кој го одржаа до крај на натпреварот, обезбедувајќи ја победата и второто место на табелата.

Ѓорѓе Џелетовиќ успеа да ја освои титулата најдобар стрелец кај гостите, иако сите поени ги постигна во вториот дел. Одличен натпревар одиграа Ентони Лее, Малком Армстед и Ивица Димчевски сите запишувајќи по 14 поени. Доналдсон постигна 11, Костоски запиша 9 поени, 10 асистенции и 5 скока, Штерјов 8 и Тасовски запша 6 поени и 7 скокови.

Кај домаќините најрасположен беше Марковски кој со 19 поени беше најдобар стрелен на натпреварот.

Следниот викенд КК Гостивар ќе ја пречека екипата на Пелистер.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена