Спорт
КК Гостивар пред празни трибини денес го пречекува МЗТ Скопје

Во најинтересниот дел од првенството, на гостиварската публика им се скрати задоволството во живо да го следат расплетот во Првата македонска кошаркарска лига кој се чекаше цела сезона.
Поради суспензија од два натпревари пред празни трибини, кои ги изрече КФСМ по инцидентот на натпреварот Гостивар – Пелистер, денеска во празната Младост, КК Гостивар ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје.
„Штрковите“ се во трка за првото место на табелата, за кои овој натпревар е од голема важност. Избраниците на Александар Петровиќ сезонава запишаа 26 победи и само 4 порази.
Гостивар „нокаутиран“ по натпреварот со Пелистер, каде покрај поразот, суспензијата од два натпревари без публика, заработи и 165.000 денари парични казни, како и суспензија на тренерот Димитриевски од еден натпревар, денес треба без поддршка од трибините, без тренер да се соочи со учесникот во АБА лига. И традицијата не е на страната на домаќинот, сезонава гостиварци неамаат победа против МЗТ Скопје, а во последните 20 меѓусебни дуели МЗТ Скопје има 15, КК Гостивар 5 победи.
Но, за „бело-сините“ ништо не е загубено. На две кола до крај потребна им е една победа за пласман во завршниот Плеј-оф.
Тоа добро го знаат и љубителите на кошарката од Гостивар, кои активно учестуваат и во победите и во „билдањето“ на казните. Па за денешниот натпревар, на кој им е забрането присуство на трибините, организирано ќе го следат на видео бим на само 20-тина метри од теренот, позади Спортската сала Младост.
Дуелот КК Гостивар – МЗТ Скопје се игра од 19 часот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето