Спорт
КК Гостивар пред празни трибини денес ја отвора сезоната против Пелистер

На самиот почеток од првенството, на гостиварската публика им се скрати задоволството во живо да ја следат премиерата во Првата македонска кошаркарска лига во новата сезона која претстои 2022/2023. Да потсетиме, гостиварци беа казнети на два натпревари без домашна публика поради инцидентот токму со Пелистер минатата сезона.
КК Гостивар тивко влегува во овој дуел и воопшто во сезоната, но се тоа е дозволиво после 4 месечната пауза без прволигашка кошарка. Гостиварци имаа одличен подготвителен период, добија 5 од шестте подготвителни натпревари, максимално го искористија преодниот рок, создавајќи скоро сосема нов ростер и нов кормилар на клупата Љупчо Малинков, кои ќе треба да продолжат да носат нови победи и радост за гостиварската публика.
Максим Митевски, Андреј Маслинко, Лувејн Пипкинс, Мајкл Стедмен, Ѓорги Корсантиа се новите имиња во Гостивар, заедно со Виктор Ефремовски, Роберт Димитиевски, Ренато Димитриевски, Тома Стојаноски и новиот капитен Војче Лефкоски го формираат тимот за новата сезона.
И вице-шампионот Пелистер во денешниот дуел ќе влез со поприлично изменет состав во споредба со минатата сезона во која успеаа на КК Гостивар да му нанесат 3 порази од 4 одиграни натпревари. Од стандарните играчи останаа Стајиќ, Младеновски и Караџовски, а се засилија со Донован Доналдсон, Сеад Хаџифејзовиќ, Донте Карутерс, Оливер Двојаковски, Недим Мустафица, Иван Сапунџиев, Александар Јовановски и Мартин Ристевски, тренер Марјан Илиевски.
Битолчани повторно ќе настапуваат и во АБА2 лигата, како и минатата амбициите за сезонава се да завршат на самиот врв.
Статистиката од меѓусебните пресметки на овие два прволигаши сеуште е на страна на „бело-сините“ од последни 11 одиграни средби КК Гостивар има 6, а КК Пелистер 5 победи.
Натпреварот и преносот во живо на интернет започнуваат од 18 часот, дуелот може да го следите ТУКА.
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 3 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година