Вести
КК Гостивар рутински против Вардар 77:68

Кошаркарите на гостиварскиот прволигаш ја запишаа четвртата победа во серија, совладувајќи ја вечерва во Младост екипата на Вардар со резултат 77:68.
„Бело-сините“ одиграа рутински натпревар против младата екипа на „црвено-црните“. Без многу напор гостиварци го контролираа резултатот на натпреварот, иако гостите крајно борбено настојуваа да ја намалат разликата, што им успеа во неколку наврати. Највозбудливо беше на 10 минути пред крај кога гостите се приближија на само два поени негатива, но по службениот тајм-аут пред почеток на четвртиот период, на кој Србиноски гласно им предочи дека не смее да се потцени противникот, гостиварци одиграа онака како му доликува на лидерот на табелата.
Ѓорѓе Џелетовиќ беше најефикасен на натпреварот запиша 21 поен, американецот Доналдсон запиша 18 поени, 10 скока и 6 асистенции, Тасовски постина 11 поени, Костоски 8, Ре.Димитриевски и Димчевски по 6 поени.
Кај гостите од Скопје, Дамјан Робев одигра одличен натпревар, постигна 19 поени.
Овој натпревар имаше и хуманитарен карактер, навивачката група Гемиџии организираше собирање на финансиски средства за помош на гостиварецот Ивица Срезоски кој треба да замине на операција во Русија. На паузата помеѓу двете полувремиња навивачите му ги врачија собраните средства на Ивица, кој беше испратен со силен аплауз и скандирање од присутните и хумани луѓе во Младост.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар