Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар се искачи на 2 позиција – Надиграна и екипата на Еуро Никел 89-99

Објавено

на

Заврши натпреварот во „Јасмин“ во Кавадарци, екипата на КК Гостивар ја совлада екипата на Еуро Никел 2005 со резултат 89-99

Гостиварци ја продолжија победничката серија во Првата кошаркарска лига, сезона 2020/2021, добивајќи го денешниот дуел против Еуро Никел. Од самиот почеток на натпреварот гостите ја имаа контролата врз играта, успевајќи во првиот период да постигнат 30 кошеви, (22-30). И вторите, ефикасни 10 минути им припаднаа на гостиварци (26-28), на полувреме се замина со +10 предност на гостите, 48-58. Доминацијата на „бело-сините“ продолжи и во вториот дел, добивјаќи ја и третата четвртина. Последниот период им припадна на домаќините.

Одличниот шут за три и овојпат беше најсилното оружје на гостиварци, на своја кожа вечерва го почувстуваа и кавадарчани (18 тројки), со 58% реализација. Натпреварот зарши 89-99.

Александар Тодоровиќ одигра одличен натпревар, беше најефикасен на теренот со 29 поени, Димчевски запиша 24, Вокер 19, Фрајдеј 13, Костоски 9, Јанески 3, Димитриевски 2 поени. Кај домаќините искусниот Јане Петровски постигна 23 поени.

Со оваа важна победа КК Гостивар се искачи на 2. позиција на табелата со 3 бодови помалку од лидерот Пелистер, но и 1 натпревари помалку. По комплетирањето на ова 14 коло, следи двонеделна пауза поради настап на репрезентацијата на Македонија.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена