Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар сепак го нема кажано последниот збор, победа над МЗТ Скопје 65-51

Објавено

на

Фантастична партија пружија кошаркарите на гостиварскиот прволигаш, совладувајќи ја пред малку фаворизираната екипа на МЗТ Скопје во Младост, со резултат 65-51.

Незивесноста траеше само во првите 10 минути од натпреварот кои завршија (19-17), по што избраниците на новиот тренер Јончевски покажаа дека знаат да играат квалитетна кошарка посебно во одбраната. (18-2) беше серијата која ја направија гостиварци на стартот од вториот период, добивајќи го истиот (20-6) испраќајќи ги гостите на полувреме со само 19 постигнати поени (37-19).

Заклучен беше кошот за гостите и во третиот период, цврстата, пожртвувана игра на бело-сините продолжи и во вториот дел од натпреварот, добивајќи го третиот периодот со (15-9), сп што ставија крај на сите надежи на противникот. Гостите се обидоа во последниот период добивајќи го (11-19), но немаа ниту време, ниту пак сили за било какво изненадување.

Џоџо Вокер ги предводеше стрелците кај домашниот тим со 17 поени, Димчевски запиша 11, Јаневски 10, Костоски, Тодоровиќ и Димитриевски по 7, Николиќ 4, Штерјов 2. Кај МЗТ Скопје најрасположени беа Крстевски 13 и Николов со 10 постигнати поени.

Со оваа победа КК Гостивар обезбеди пласман во топ 8.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена