Спорт
КК Гостивар сезоната ја започнува против Пелистер во „Младост“

Денеска во македонската куќа на кошарката на заеднички состанок со претставници на раководството на федерацијата и Здружението на прволигаши, се изврши ждрепката на броеви за распоредот на натпреварите во Првата кошаркарска лига за претстојната сезона 2022/2023.
Екипата на КК Гостивар сезоната ќе ја започне на домашен терен, во 1-то коло ќе ја пречека екипата на Пелистер од Битола. Во 2-то коло КК Гостивар ќе гостува на МЗТ Скопје, во 3-тото коло, ја пречекува екипата на ТФТ Скопје, а во 4-то коло ќе се сретне со Работнички.
Потсетување, гостиварци беа казнети на два натпревари без домашна публика поради инцидентот со Пелистер минатата сезона, што значи овогодинешниот прв дуел, во првото коло, токму помеѓу овие две екипи ќе се игра пред празни трибини.
Почетокот на првенството е предвидено да стартува во првиот викенд во октомври. После регуларниот дел во кој по два пати ќе се пресметаат „секој со секого“, следува веднаш нокаут фазата по систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.
На денешниот состанок претседателот на КК Гостивар, Стојмир Дејановски е избран за нов претседател на Здружението на кошаркарските прволигаши во Македонија.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава