Вести
КК Гостивар со писмо: Публико ви благодариме! – Дајте сите заедно да направиме нешто убаво за кошарката во Македонија
По завршувањето на првенството за КК Гостивар, управата на гостиварскиот клуб попладнево излезе со писмо во кое им се заблагодарува на гостиварската публика и со порака до кошаркарските работници во државава. Ви го пренесуваме писмото во целост:
„Почитувани љубители на кошарката ширум Македонија!
Управата и спонзорите на КК Гостивар, после напорното првенство, сакаат да им се заблагодарат на кошаркарите и на стручниот штаб за достоинственото преставување на градот на кошарката Гостивар и на освоеното петто место. Огромно е задоволството да се биде дел од кошаркашката приказна наречена Гостивар. Задовлство ни е што поминавме прекрасни моменти со нашите кошаркари, кои се запишаа во историјата на клубот, како луѓе што го вратија достоинството на гостиварскста кошарка. Ја користиме оваа прилика да и се заблагодариме на најдобрата и најбројната публика во Македонија, која ја полнеше салата Младост на сите натпревари, која громогласно ги бодреше кошаркарите и која ги пратеше во голем број на гостувањата ширум Македонија. Нашата сила за која вреди да се спонзорира е токму нашата верна публика. Сепак кошарката се игра за публика, а не за КФМ.
Гостиварска публико!
Вие не само што сте најдобрата публика во Македонија, Вие сте и гордоста на градот Гостивар. Поради овој факт, што сте најдобра публика во Македонија во Ваше име сакаме да им порачаме на сите љубители на кошарката, да ги полнат салите, а со тоа да ја популаризираат кошарката надвор од границите на Македонија.
На судиите и делегатите им порачуваме од утре, чесно и професионално да ја обавуваат нивната задача, да не потклекнуваат на ничии наредби и да немаат двојни аршини. На КФМ им порачувамке да се однесуваат како бранители на клубовите и на кошарката воопшто, да не дозволат личните интереси да бидат во преден план, да не дозволат само клубовите да бидат виновни за се, а судиите, делегатите и останатите да бидат заштитена марка.
Дајте сите заедно да направиме нешто убаво за кошарката во Македонија. Дајте сите заедно да создаваме наши кошаркари, да правиме легенди, да се натпреваруваме во најсилните лиги, да освојуваме европски титули.
На крај дајте да помогнеме сите заедно да ја спасиме кошарката, да ја извадиме од амбисот во кој е падната.“
Од управата и спонзорите на КК Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград