Спорт
КК Гостивар со важна победа во плејаутот против Шкупи! (81-78)

Во возбудлив и изедначен натпревар од првото коло на плејаут фазата во Првата кошаркарска лига на Македонија, КК Гостивар славеше со резултат 81:78, против директниот конкурент за опстанок екипата на Шкупи од Скопје.
Натпреварот се одигра попладнево во Спортската сала „Младост“ во Гостивар, пред малкубројна публика која беше сведок на драматичен финиш и силна тимска игра на домашниот состав. Гостивар ја покажа својата борбеност во последната четвртина, кога успеа да ја задржи минималната предност и со храбра игра дојде до значајна победа на стартот од завршницата.
Вукашин Ѓорѓевиќ со фантастичен учинок од 25 поени, 18 скока и 1 асистенција, беше незапирлив под кошевите и клучен за победата на домаќините, Митевски додаде 19 поени, 7 скока и 5 асистенции. Кај гостите се истакна Арнолд В., кој постигна 25 поени.
Во следното коло на плеј-аутот, Тиквеш го пречекува КК Гостивар, а Шкупи ќе биде домаќин на Вардар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос