Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар стартуваше со подготовките за новата сезона

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Гостивар официјално ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Малинков, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „бело-сините“ означија почеток на подготовките.

По почетната прозивка гостиварци во Спортската сала Младост го одработија и првиот тренинг. На располагање на тренерот Малинков, на кој ќе му асистира Никола Димитриевски се одзваа играчите: Ренато Димитриевски, Роберт Димитриевски, Виктор Ефремовски, Војче Лефкоски, Тома Стојановски, Енур Шазан како и репрезентативните засилувања Андреј Маслинко и Максим Митевски. Вечерва треба да пристигнат и интернационалците Гиорги Корсантиа и Луван Пипкинс, кој треба да допатуваат од Грузија, односно САД.

„Имаме добра екипа на располагање,  сеуште не е одреден системот на натпреварување за да може прецизно да одредиме амбициите за сезоната што следи, но сигурно е дека секој натпревар ќе одиме на победа и целиме во горниот дел на табелата. Подготовките ќе ги одработиме на спортските терени во Гостивар, во план се и подготвителни натпревари, поканети сме на неколку меѓународни турнири во Косово и Грција, во зависност од можностите и тајмингот, можно е со нив да ги завршиме подготовките. Што се однесува до засилувањата разгледуваме уште неколку опции на центарската позиција. Очекувам возбудлива сезона и се надевам ќе ја задоволиме гостиварската публика, изјави Малинков за Gostivarpress.mk.

Почетокот на првенството е закажано за првиот викенд во октомври, претходно треба да се одржи ждрепка по која ќе се знае распоредот за сезоната 2022/23.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена