Спорт
КК Гостивар утре против Еуроникел ја продолжува трката за Ф4
Продолжуваат возбудувањата во кошаркарското првенство сезонава, каде екипата на КК Гостивар се бори за пласман помеѓу најдобрите четири екипи кои ќе разигруваат во завршниот Плеј-оф.
Утре, (недела) од 18 часот, гостиварци ќе го пречекаат директниот конкурент за третото место екипата на Еуроникел.
Актуелниот вицешампион од Кавараци, сезонава запиша 16 победи и 11 порази и има само бод повеќе од екипата на Гостивар. Во Суперлигата играат топло-ладно од 5 натпревари избраниците на Горан Самарџиев ги совладаа Гостивар и ТФТ Скопје, а загубија од МЗТ Скопје, Пелистер и Феникс 2010.
КК Гостивар со победите над Пелистер и ТФТ Скопје во последното коло се вратија во целосна игра за пласман помеѓу најдобрите четири екипи, утрешниот дуел со Еуроникел е значаен и за двете екипи, победникот значително ќе си ги зголеми шансите за финалната завршница.
Традицијата во овој двобој е наклонета кон домаќинот, од 15 последни натпревари КК Гостивар има 9 победи, наспроти 6 на Еуроникел.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград